ЕУ: 20-ти јули е краен рок за постигнување договор за имигрантите

Од:

Земјите-членки на Европската унија синоќа не успеаја да постигнат договор за надминување на кризата со илегалните имигранти, по што Брисел го определи 20 јули како краен рок за изнаоѓање начини за прераспоредување на азилантите, кои во моментов се наоѓаат во Италија и Грција.

– Постигнавме напредок, не се уште немаме договор, изјави еврокомесарот за имиграција Димитрис Аврамопулос по синоќешната средба на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург.

Во обид за постигнување договор, Франција и Германија вчера соопштија дека решиле да прифатат една третина од 60-те илјади имигранти, кои во следните две години треба да бидат прераспоредени во сите земјичленки на ЕУ, додека Полска најави дека ќе згрижи 200 лица.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина