Етиопската Влада дозволи хуманитарната помош да влезе во регионот Тиграј

Од:

Владата на Етиопија и Обединетите нации денеска потпишаа договор за обезбедување пристап до хуманитарна помош во регионот Тиграј, што е зафатен со конфликт, јави ДПА.

-Обезбедувањето хуманитарна помош и реконструкцијата на оштетената инфраструктура … наскоро ќе бидат направени, изјави министерот Муферијат Камил.

Договорот на хуманитарните работници ќе им даде „непречен, одржлив и безбеден пристап“ до етиописките региони Тиграј, Амхара и Афар, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА). Тие ќе им помогаат на луѓето погодени од конфликтот меѓу владата и Народноослободителниот фронт на Тиграј (ТПЛФ), регионална политичка партија која сега е означена за бунтовничка група.

Изјавата доаѓа еден ден откако Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР ја повика Етиопија да им овозможи итен пристап на десетици илјади бегалци од Еритреја во регионот Тиграј, соопштувајќи дека имаат недостиг од резерви со храна, пренесе германската агенција.

ОН, исто така, соопштија дека се вознемирени од извештаите за напади, киднапирања и присилно регрутирање во бегалските кампови.

Околу 96.000 бегалци од соседна Еритреја моментално живеат во Тиграј, спорниот регион во северна Етиопија, наведе УНХЦР.

Етиопскиот премиер Абиј Ахмед во неделата ја прогласи за завршена речиси едномесечната воена офанзива во Тиграј, иако набљудувачите сметаат дека ова можеби нема да значи и крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите

A1on

Апел за помош на малиот Војдан

Не се отворил падобранот: Пет лица во Газа загинаа од воздушната хуманитарна помош

А1он

Третиот конвој со помош влезе во Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Камиони со помош чекаат на Рафах, генералниот секретар на ОН: Два милиони луѓе ужасно страдаат

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж