Естонски дипломат протеран од Русија

Од:

Естонски дипломат беше протеран од Русија во одговор на аналогна мерка, преземена претходно од балтичката република, соопшти естонското Министерство за надворешни работи.

– Естонскиот конзул во Санкт Петербург Франек Персидски беше протеран од Русија. Тој веќе се врати во Естонија, соопшти портпаролот на естонското МНР.

Естонецот Алексеј Дресен беше осуден минатата година на 16 години затвор за шпионажа во корист на Русија, а неговата сопруга доби условна шестгодишна пресуда, откако двајцата се изјаснија за виновни.

Во 2009 година друг Естонец, поранешниот службеник на Министерството за одбрана Херман Сим, беше осуден на 12,5 години затвор за продавање тајни на НАТО на Русија.

Естонија, поранешна советска република со население од 1,3 милиони, се присоедини кон НАТО и ЕУ во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски