Ештон и Лавров го поддржаа Брахими

Од:

Високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, го поддржаа пратеникот на ОН Лакдар Брахими на патот за воспоставување на дијалог во Сирија.

Во соопштението на Кетрин Ештон по средбата со Лавров, се наведува дека ЕУ е охрабрена од неодамнешната иницијатива за политички дијалог инициран од лидерот на опозицијата, Шеик Моаз ел Катиб и дека се надева дека претставниците на сирискиот режим нема да ја пропуштат оваа можност да придонесат за ставање крај на насилството.

Лавров и Ештон разговарале и за претстојното продолжување на преговорите со Иран, а високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, изразила надеж дека Иран ќе биде флексибилен во новата рунда која е закажана за 26 февруари.

Ештон нагласила дека е итно потребно продолжување на мировниот процес на Блискиот Исток, а темите на разговор со рускиот министер биле и Грузија, Нагорно-Карабах и Придњестровје, како и односите меѓу ЕУ и Русија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство