Ештон: ЕУ загрижена поради ескалацијата на насилствата во Газа

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон истакна дека Унијата е „силно загрижена“ поради ескалацијата на насилствата во Појасот Газа, вклучително новите ракетни напади врз Израел и израелската копнена операција.

– Ги повикуваме сите страни итно да се договорот за прекин на огнот. Нагласуваме за потребата од овозможување на целосен и итен пристап до хуманитарна помош, се нагласува во соопштението.

Ештон го поздрави напорот на регионалните партнери, особено иницијативата на Египет за прекин на огнот.

– Ги повикуваме сите страни за деескалација на ситуацијата, прекин на насилствата и страдањето на цивилното население. Треба да се најде итно решение, што ќе обезбеди мир и безбедност за сите Израелци и Палестинци, се нагласува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно