Србија го исполни својот дел од работата и сега е време тоа да го направи Европската унија изјави денес високата претставничка на Унијата, Кетрин Ештон која на премиерот на Србија, Ивица Дачиќ му посака добредојде во Брисел, со зборовите дека тоа е неговиот втор дом.
Ештон напомена дека ја поздравува одлуката на Косово да му се отворат преговорите за договор за стабилизација.
Дачиќ истакна дека Србија ќе продолжи со примената на се што е договорено со Приштина, но дека сега ќе се насочи и кон преговорите со ЕУ.
-Одлуката која што ја очекуваме на седницата на Советот на ЕУ за отворање на преговорите е од исклучително значење-истакна тој и им се заблагодари на членките на ЕУ, а особено на Кетрин Ештон за нејзината улога во посредувањето помеѓу Белград и Приштина.
Елена Георгиевска