Ерупција на вулканот Стромболи

Од:

Лава еруптираше од активниот вулкан Стромболи на истоимениот италијански остров, чија активност се интензивираше во последните четири дена, а густ чад го обви туристичкиот остров, јави денеска италијанскиот Институт за геофизика.

Стромболи е најсеверниот од седумте острови сместени на северо-источниот брег од Сицилија, во т.н. Липарски Острови, во Тиренското Море во близина на Сицилија.

Градоначалникот на Стромболи, Марк Џордани ги смири 500-те жители и рече дека ситуацијата е под контрола и дека не се во опасност. Експерти за цивилна заштита ќе дојдат за да ја проценат состојбата на вулканот.

Вулканот е постојано активен со чести ерупции, но денеска околу 3,00 часот по централно европско време е регистрирана силна експлозија, а лава изби и стигна до морето. Осум часа подоцна се појави голем облак и потоа имаше уште една ерупција.

Повеќе од 23 сеизмички потреси регистрирани се во последните часови, а се појави и магла над морето, поради загревање на водата.

Националниот институт за геофизика и вулканологија ја следи ситуацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески