На индонезискиот монденски остров Ломбок денеска еруптираше вулканот Баруцари, при што исфрли пепел во височина од 2.000 метри, информира портпаролот на Националната агенција за управување со природни несреќи, пренесе ДПА.
Вулканот Баруџари, како дел од вулканскиот комплекс Ринџани, може да предизвика нарушување на летовите кон и од меѓународниот аеродром на островот, додаде портпаролот, цитиран од ДПА.
– Луѓето во регионот се советувани да бидат внимателни, рече тој.
Аеродормот на островот Ломбок и блискиот остров Бали, минатата година во повеќе наврати беа затворани заради вулканска активност, потсетува ДПА.