Ерменските власти ќе преземат построги мерки против вооружената група во Ереван

Од:

Службата за национална безбедност на Ерменија соопшти дека ќе биде принудена да преземе построги мерки кон вооружената група, која зазеде полициска станица.

– Добро информирани сме за намерите на вооружената група. Секоја закана по животот и здравјето на луѓето под итно ќе биде неутрализирана со соодветни акции, се наведува во соопштението на Службата.

Полицијата вчера побара од вооружената група, која на 17 јули зазеде полициска станица во Ереван да се предаде. Во саботата групата еднострано ги прекина преговорите, откако ги ослободи и последните полицајци-заложници.

Во меѓувреме уапсени се непознат број помагачи на вооружената група.

Напаѓачите бараат ослободување од затвор на лидерот на радикалната опозиција Жираир Сефалјан, оставка од ерменскиот претседател Серж Саркисјан и формирање нова влада. 

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска