Ерменскиот претседател Армен Саркисјан ненадејно поднесе оставка, се вели во соопштението објавено на неговата официјална веб-страница.
Како што јави агенцијата РИА, ерменскиот претседател изјавил дека таа одлука ја донел поради фактот што не постојат инструменти за влијание врз внатрешната и надворешната политика.
Минатата година Саркисјан се најде во расправија со премиерот Никола Пашинјан за неколку прашања, вклучително и смена на командантите на вооружените сили.