Ерменскиот министер за одбрана поднесе оставка

Од:

Ерменскиот министер за одбрана Давид Тонојан денеска поднесе оставка, а ќе биде заменет со советникот на премиерот – Вагаршак Хартујуњан, соопшти денеска државната телевизија, пренесува ТАСС.

„Давид Тонојан поднесе оставка, а главниот советник на премиерот Никола Пашињан ќе го замени. Тој веќе беше шеф на Министерството за одбрана пред 20 години, наведува извор на агенцијата ТАСС.

Тонојан дојде на министерското место во мај 2018 година, по политичките промени во земјата, а пред тоа беше министер за вонредни состојби и заменик министер за одбрана.

Генералот Хартујуњан беше министер за одбрана помеѓу 1999 и 2000 година.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска