Ерменија: Премиерот Пашинјан претстави план за враќање на стабилноста

Од:

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска им презентираше на граѓаните план во 15 точки со цел да се смират немирите во Ерменија до кои дојде по потпишувањето на мировниот договор со Азербејџан околу Нагорно-Карабах.

Премиерот нагласи дека неговиот план „гарантира демократска стабилност“ на земјата.

Неколку илјади луѓе протестираа во главниот град Ереван, барајќи оставка од Пашињан, кој го одби тоа. Меѓутоа, двајца министри поднесоа оставки оваа недела, а претседателот Армен Саркисјан побара вонредни избори.

– Јас одговарам да ја надминеме ситуацијата и да гарантирам стабилност и безбедност во државата, објави Пашињан на Фејсбук, каде го презентираше планот за демократска стабилност на Ерменија.

Неговиот план подразбира продолжување на преговарачкиот процес за Нагорно-Карабах под покровителство на групата Минск, а вклучува и враќање на ерменското население, кое заминува од своите домови поради судирите. Исто така, план е и да се обнови уништената инфраструктура која ќе остане под ингеренција на ерменската страна во Нагорно-Карабах, но и да им се помогне на повредените војници и семејствата на жртвите во конфликтот.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска