Ерменија со гордост ги покажа денеска модерните руски балистички ракети на воената парада по повод Денот на нејзината независност, јави БТА.
Прикажаните ракети „Искандер“ можат со голема точност да поразат цели на растојание до 300 километри. Тие ги засилуваат можностите на ерменската војска во момент на загриженост поради конфликтот во Нагорни Карабах.
Областа официјално е дел од Азарбеџан, но од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година е под контрола на сили, кои тврдат дека се Ерменци. Според Азарбеџан вклучително меѓу нив има војници од Ерменија.
Во април избувнаа судири при кои загинаа околу 75 војници и од двете страни.
Русија има воена база во Ерменија, но исто така продава оружје и на Азарбеџан.