Околу пет илјади демонстранти се собраа денес во центарот на Ереван, во знак на протест по повод реизборот на претседелот Сержа Саркасјан.
Приврзаниците на второпласираниот преседателски кандидат, Рафи Хованисијан го наполнија Плоштадот на Слободата во центарот на градот, тврдејќи дека на изборите имало малверзации меѓу кои и голем број невалидни гласачки ливчиња.
-Уставот требаше да ја победи малверзацијата – изјави Хованисијан.
Иако,неговите подржувачи ветија дека ќе продолжат со протестите се додека Саркасјан не поднесе оставка, толпата луѓе по само три часа, мирно си замина.
На претседателските избори одржани во понеделникот, Саркасјан победи со 58 проценти од гласовите, далеку пред Хованисјан со 37 проценти.
Меѓународните набљудувачи изјавија дека изборната процедура била подобра во однос на претходните избори од 2008 година.