Ерменија одбележува годишнина од геноцидот во Отоманската империја

Од:

Ерменија и Ерменците во целиот свет денеска одбележуваат годишнина од почетокот на масовните убиства на Ерменците во Отоманската империја во 1915 година.

Пред сто и една година во Првата светска војна се убиени 1,5 милиони Ерменци, според ерменските власти, кои овие убиства ги означуваат како геноцид.

Турција, пак, го оспорува бројот на жртвите и демантира дека Ерменците биле подложени на геноцид.

Убивањето на повеќе од 200 ерменските интелектуалци на 24 април 1915 година се смета за почетокот на масовните убиства.

Повеќето историчари овие убиства ги означуваат како геноцид.

Ерменските политички лидери, предводени претседателот Серж Саркисјан и патријархот Карекин Втори ќе го посетат денеска Меморијалниот комплекс во спомен на жртвите во главниот град Ереван.

Главен гостин во одбележувањето на годишнината ќе биде американскиот актер Џорџ Клуни, кој пристигна во Ерменија. Тој е познат како застапаник на признавањето на геноцидот врз Ерменците, нешто што САД досега го немаат направено.

Околу 15 илјади лица се вклучија синоќа во маршот со факели до Меморијалниот комплекс, во пресрет на официјалното одбележување. Учесниците во маршот симболично го изгореа турското и азербејџанското знаме.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска