Ерменија очекува на 8 мај да добие нов премиер

Од:

Лидерот на ерменската владејачка Републиканска партија, Вахрам Багдасарјан изјави денеска дека земјата ќе добие нов премиер на 8 мај и неговата партија ќе го поддржи било кој кандидат, вклучувајќи го и опозицискиот лидер Никола Пашињан, доколку тој кандидат ја има поддршката на една третина од пратениците.

Багдасарјан ја даде својата изјава по средбата со опозицискиот пратеник Пашињан, кој ги предводеше минатомесечните улични протести против власта, кои ја загрижија Русија, како блиска сојузничка на Ерменија.

Истовремено, блискиот соработник на Пашињан, Арарат Мирзојан истакна денеска дека опозицискиот лидер собрал потписи на една третина од пратениците, колку што се потребни да биде номиниран за кандидат за премиер.

– Успеавме да собереме потписи од една третина (односно 35) членови на Парламентот. Пашињан ќе биде официјално номиниран за кандидат денеска или утре, нагласи Мирзојан.

Републиканската партија претходно се изјасни против кандидатурата на Пашињан, но очевидно се предомислила еден ден по граѓанската непослушност, откако вчера беа блокирани патишта и пруги, а делови од земјата беа во целосен застој.

Изјавата на лидерот на владејачката партија веројатно ќе придонесе Ерменија да најде мирен излез од политичката криза.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска