Ерменија: Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека е уапсен лидерот на опозиција

Од:

Лидерот на антивладините протести во Ерменија Никол Пашинјан беше уапсен. Тоа го соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител на земјата.

Пратеникот и лидер на опозицијата Никол Пашинјан, како и уште двајца парламентарци од опозицијата, „биле приведени, додека вршеле активности опасни за општеството”, прецизира обвинителството во соопштението.

На демонстрациите, кои се одржуваат веќе 10 дена, демонстрантите бараат повлекување од власта на поранешниот претседател Серж Саркисјан, кој пред неколку дена беше избран за премиер со засилени овластувања.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска