Ерменија ја поздрави резолуцијата на германскиот Парламент за признавање на ерменскиот геноцид

Од:

Официјален Ереван го поздрави признавањето на ерменскиот геноцид од страна на германскиот Парламент, пренесоа француските медиуми.

„Ерменија го поздравува прифаќањето на Резолуцијата за признавање на геноцидот, извршен врз Ерменците и другите христијански народи од страна на Долниот дом на германскиот Парламент“,соопшти ерменското Министерство за надворешни работи, според кое тоа е „важен придонес на Германија за признавањето и меѓународната осуда на ерменскиот геноцид, но и за сеопштата борба за спречување на геноцидите и на злосторствата против човештвото“.

Одлуката на Бундестагот да го утврди како геноцид масовото убивање на Ерменците во Османлиската империја од пред еден век предизвика гневна реакција од Турција.

Ерменското Министерство за надворешни работи изрази жалење што „турските власти продолжуваат упорно да го негираат неоспорниот факт за геноцидот, извршен од Османлиската империја“.

Некогашните сојузници на Османлиската империја „Германија и Австрија денеска го признаваат својот дел од одговорноста“ за тоа злосторство, се подвлекува во коминикето на ерменското МНР.
Ерменија тврди дека Османлиската империја во текот на Првата светска војна систематски убила 1,5 милиона Ерменци, забележуваат француските медиуми.

Голем број историчари и над 20 земји, меѓу кои Франција, Италија и Русија, овој масовен масакр го признаа за геноцид.

Турција тврди дека меѓу 300.000 и 500. 000 Ерменци, но и исто толкав, број Турци, биле жртви на граѓанската војна, но и на гладта во тој период.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска