Ерменскиот Парламент денеска, во вториот круг со тајно гласање, го избра министерот за индустрија и висока технологија Вагн Хачатријан за претседател на земјата.
– За кандидатурата на Хачатријан гласаа 71 пратеник, со што е избран за претседател на Ерменија, изјави потпретседателот на парламентот Акоб Аршакјан.
Претходно денеска, во првиот круг гласање, Парламентот на Ерменија не успеа да избере нов претседател на земјата затоа што владејачката партија „Граѓански договор“ не успеа да собере доволно гласови. Тогаш Хачатријан, доби 69 гласа.
Според Уставот на Ерменија, кандидатот за претседател треба да добие најмалку три четвртини од гласовите за да биде избран на функцијата.
Ерменскиот претседател Армен Саркисијан поднесе оставка на 23 јануари годинава, објаснувајќи го потегот со фактот дека претседателот ги немал потребните средства за да влијае на клучните надворешнополитички прашања.
Извор: МИА