Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција поддржува решение со „две држави“ за Кипар, додавајќи дека федерално решение не е можно.

Ердоган на церемонијата во северниот дел на поделената Никозија, која е под турска контрола, а по повод 50-годишнината од заземањето на дел од островот од страна на турските сили, рече дека Анкара е подготвена да преговара и конечно да постигне мир и решение за Кипар, пренесува Анадолија. Тој оцени дека кипарските Грци „јасно“ покажале дека „немаат намера“ да споделуваат политичка моќ или природни ресурси со кипарските Турци на островот.

Кипар денеска слави 50 години од турската инвазија на тој остров. Сирените за воздушен напад утрово во 5.30 часот се огласија низ Кипар, што го означи почетокот на турската инвазија во 1974 година, пишува Кипар Меил. „Ова е тежок ден за сите. Ден на сеќавање, ден за почит на сите оние кои се бореа и се жртвуваа за да постои Република Кипар денес“, рече кипарскиот претседател Никос Христодулидес за време на комеморацијата на загинатите во Кокинотримитија. Христодулидес рече дека Турција останува одговорна за кршењето на човековите права и меѓународното право, додавајќи дека Кипар мора повторно да се обедини.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис треба да присуствува на настани и на југот и на северот на поделениот остров. Мицотакис вечерва треба да присуствува на митинг за да го одбележи она што кипарските Грци го нарекуваат „црна годишнина“. Спорот меѓу кипарските Грци и кипарските Турци трае со децении, и покрај низата дипломатски напори за постигнување решение.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа