Ердоган во среда ќе се сретне со организаторите на протестите во Турција

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во среда ќе се сретне со организаторите на протестите во земјата, пренесоа светските агенции, повикувајќи се неговиот заменик Булент Аранч.

Аранч на крајот на денешната седница на владата соопшти дека целта на средбата ќе биде да се направи обид за прекинување на демонстрациите.

Во исто време тој предупреди дека турските власти на „нелегалните организации“ нема да им дозволат да продолжат со немирите и да предизвикуваат натамошни штети.

Првичната цел на протестите беше да се запре разурнувањето на парк во Истанбул, но потоа тие прераснаа во движење против владеењето на исламистичката Партија на правдата и развојот.

Демонстрациите веќе повеќе од една недела ја потресуваат Турција.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски