Ердоган: Турција презема мерки поради наводите за подводни мини во Црно Море

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска, по повод руските тврдења за пловечки мини од Одеса, украински град и пристаниште во Црното Море, изјави дека турското Министерство за одбрана ги презема сите неопходни мерки.

– Ќе се направи сè што е потребно, нема простор за загриженост, истакна Ердоган.

Русија во саботата предупреди дека подводните мини во Црното Море, поставени од украинската армија околу пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни, би можеле да стигнат до Босфор, па дури и до Средоземното Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти