Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалниот интегритет и суверенитет на Украина се несомнени за Анкара и оцени дека Турција ќе биде идеално место за можни мировни преговори за украинскиот конфликт.

Ердоган истакна дека дипломатската иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија е во согласност со политиката на Турција во изминатите три години, јавува Anadolu.

„Ние се залагаме за територијалниот интегритет на Украина. Како Турција, ја изразивме нашата почит за ова прашање насекаде. Територијалниот интегритет на Украина е од суштинско значење за нас. Суверенитетот е суштински за нас“, рече Ердоган, пренесе ТРТ.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%