Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Од:

Турција е подготвена да изгради воена база на северот на Кипар „ако е потребно“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави денеска официјалната новинска агенција Анадолу.

„Ако е потребно, можеме да изградиме база и поморски структури на север. Имаме и море“, рече турскиот претседател во авионот на враќање од Кипар, каде присуствуваше на церемониите по повод 50-годишнината од интервенцијата на Турската армија.

Тој ја обвини Грција дека сака да воспостави таква база на поделениот медитерански остров.

„Ние ја градиме зградата на претседателството (на самопрогласената Турска Република Северен Кипар) и зградата на парламентот на островот. Тие градат воена база, а ние градиме политичка база“, рече Ердоган.

Во 1983 година, Турската Република Северен Кипар беше прогласена во северниот дел на Кипар, којa е признаенa само од Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Силен земјотрес го погоди Кипар