Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска предупреди дека курдските бунтовници во Сирија или ќе го остават оружјето или „ќе бидат погребани со нив“.

„Сепаратистичките убијци или ќе се збогуваат со своето оружје, или ќе бидат закопани во сириските земји заедно со нивното оружје“, изјави Ердоган пред пратениците од неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП).

Тој исто така рече дека Турција наскоро ќе отвори конзулат во Алепо и додаде дека Анкара очекува зголемување на граничниот сообраќај во летото следната година, кога поголем број сириски бегалци ќе почнат да се враќаат во својата земја, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Озел: Секој кандидат може да го победи Ердоган на изборите