Ердоган се врати во Турција пречекан од голем број свои приврзаници

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја заврши својата посета на земјите од Северна Африка и доцна синоќа се врати во Турција, каде на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул беше пречекан од голем број негови приврзаници.

– Останавме сили, но никогаш нема да бидеме инаетливи. Ние сме заедно, ние сме единствени, ние сме браќа, рече Ердоган пред десетиците илјади симпатизери на неговата Партија на правдата и развојот.

Турскиот премиер повика за итно ставање крај на антивладините протести, кои траат веќе една недела.

– Повикувам за ставање крај на демонстрациите, кои го загубија демократскиот карактер и се претворија во вандализам, проследен со разурнувања на објекти и кражби во продавници, изјави Ердоган.

Тој даде уверување дека сите тврдења за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите се истражуваат.

Турскиот премиер им се заблагодари на неговите приврзаници за поддршката и пројавената воздржаност изминатите денови и побара од нив да си заминат во домовите.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски