Ердоган денеска ќе разговара со Зеленски, а во викендот со Путин

Од:

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган најави дека во текот на денот ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а во текот на викендот со рускиот претседател Владимир Путин, јавува турската агенција Анадолија.

„Ќе разговарам со Зеленски денеска. Разговорите со Путин се планирани за викендот или почетокот на следната недела. Ќе разговараме за темите од Самитот на НАТО“, рекол Ердоган, одговарајќи на прашања на новинарите во авионот при враќањето од Брисел.

Притоа тој изјавил дека треба да се изнајде начин да се овозможи „чесен излез“, да се даде простор рускиот претседател Владимир Путин да биде дел од изнаоѓањето решение за конфликтот во Украина.

„Треба да му се кажеме, ти си сега архитектот на патот кон мирот. Решението за конфликтот треба да го побараме преку поддршка на чесен излез“, им пренел Ердоган на новинарите.

Ердоган се осврнал на некои претходни изјави на францускиот претседател Емануел Макрон, а во врска со неговото учество на Самитот на НАТО во Брисел.

„НАТО не е клинички мртов. Тоа беше многу несреќна изјава. Макрон сега е еден од најактивните лидери во НАТО“, изјавил Ердоган.

По однос повлекувањето на компаниите од рускиот пазар, Ердоган изјавил дека Турција е отворена за сите.

„Многу светски брендови и групи се повлекуваат од Русија, не само американски компании. Се разбира, нашите врати се отворени за оние кои доаѓаат во Турција“, ја пренесуваат турските медиуми изјавата на Ердоган.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО