Ердоган: Башар Асад наскоро ќе замине од власт

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад нема уште долго да остане на власт, како и дека сирискиот народ се бори против огромна неправда.

Ердоган ова го порача за време на денешната посета на Газиантеп, град во близина на сириската граница каде престојуваат голем број бегалци.

– Сирискиот народ се бори против една голема неправда. Тие се борат против диктатор за да го добијат правото кое им е одземено. Кога диктаторот ги протера од нивните домови, Вие ги прифативте, истакна Ердоган во обраќањето пред граѓаните на Газиантеп кои се собраа да го поздрават и кои прифатиле и вдомиле илјадници сириски бегалци.

Тој додаде дека Сиријците сакаат мир и слобода и да се борат против теророт.

– Не се грижите, бидејќи со неправда не може далеку да се стигне. За Сиријците победата е блиску, јас тоа го гледам. Над 60.000 Сиријци се убиени, а повеќе од 600.000 се бегалци. Зарем мисли Асад дека ќе успее на ваков начин? Ќе замине тој, сигурен сум, истакна турскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он