„Ер Франс“ утре ќе реализира само 41 отсто од летовите

Од:

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ се очекува утре да реализира само 41 отсто од своите летови, кога штрајкот на пилотите ќе влезе во втората недела.

Пилотите штрајкуваат против намалувањето на трошоците и плановите на компанијата да го прошири нискотарифното одделение Трансавиа.

Авиокомпанијата денеска реализираше 38 отсто од летовите, со оглед на тоа дека 65 проценти од пилотите учествуваа во штрајкот.

Синдикатот Ес-Ен-Пе-Ел, кој го продолжи штрајкот до следниот петок (26 септември) и се закани дека ќе го продолжи уште повеќе доколку преговорите не вродат со плод, го повика францускиот премиер Мануел Валс да интервенира со цел да се реши спорот.

Според проценките на авиокомпанијата штрајкот, кој почна во понеделникот и чини меѓу десет и 15 милиони евра дневно, до 26 септември може да предизивка загуби од 180 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци