Емирот на Катар шеик Хамад бин Халифа Ал Тани денеска пристигна во историска посета на Појасот Газа.
Емирот влезе во Појасот Газа од Египет на чело на голема делегација, за да ја оствари, како што ја нарече хуманитарната посета, при која официјално ќе се означи почетокот на проекти за реконструкција во износ од 250 милиони долари.
Претставниците на Хамас го пречекаа емирот со црвен килим, кога влезе во малиот крајбрежен појас, кој е под строга израелска блокада и има ограничување за пристап на посетители преку египетската граница.