Емирот на Катар го обвини Израел за воени злосторства

Од:

Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамид ал Тани го обвини Израел дека извршил воени злосторства и злосторства против човештвото за време на неодамнешната седумнеделна војна против Хамас во Појасот Газа.

Емирот во обраќање на седницата на Генералното собрание на ОН ги повика светските лидери да не прифаќаат посети на израелските лидери.

Над 2.100 Палестинци, вклучително стотици цивили, меѓу кои многу деца се убиени, додека на израелска страна загинаа 66 војници и шест цивили.

Катарскиот лидер го повика СБ на ОН да усвои резолуција со која ќе се принуди Израел да ја прекине окупацијата на палестинската земја во одреден рок.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави