Емирот на Катар абдицираше во корист на својот син

Од:

Емирот на Катар, 61-годишниот шеик Јамад бин Халифа Ал Тани објави денеска дека одлучил да абдицира и да ја предаде власта на својот син, принцот Тамим.

Во телевизоско обраќање, емирот изјави дека дошло време за „нова страница“ и „да ги предаде одговорностите на новото поколение“.

– Ви се обраќам на сите за да Ви укажам дека ја предавам власта на шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, рече тој во обраќањето преку националната телевизија.

Абдицирањето на шеик Хамад е прво во Катар и во поновата историја на арапскиот свет каде ниту еден владетел не се откажал од власта по своја волја, наведуваат западни медиуми.

Новиот емир (33) ќе биде најмладиот лидер на држава меѓумонархиите од Заливот. Шеик Хамад ја презеде власта во преврат во 1995 година. Според дипломати емирот одамна планирал да абдицира во корист на престолонаследникот.

Западни медиуми јавуваат дека за одлуката постојат само гласини без да има официјално објаснување, но се смета дека шеик Хамад има здравствени проблеми.

Аналитичари во Катар наведуваат дека не очекуваат големи промени во надворешната или внатрешната политика и Тамим најверојатно ќе почне процес за формирање нова влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот