Европската агенција за лекови (ЕМА) издаде препорака за употреба на првата вакцина против маларија „Москирикс“ и покрај тоа што е ефикасна само 30 проценти и со текот на времето нејзината заштита исчезнува.
ЕМА посочува дека го уважила позитивното научно мислење за употреба на вакцината надвор од Европска унија.
Врз основа на претходните истражувања „Москирикс“ покажа дека има заштитно дејство во 30 отсто од случаите.
– Ова не е епохална промена на која се надевавме. Самата вакцина останува разочарувачка, но во секој случај е важен чекор напред, изјави доктор Марти де Смет, експерт за маларија во организацијата Лекари без граници.
Од маларија годишно заболуваат околу 200 милиони лица, а умираат речиси половината од инфицираните, од кои најголем број деца во подсахарска Африка.