Елисејска палата: Макрон побара од Путин веднаш да ја прекине офанзивата во Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин побарал „итен прекин“ на офанзивата во Украина, соопшти вечерва Елисејската палата.

– Претседателот Макрон му се јави на Владимир Путин, од кого побара итен прекин на руските воени операции, потсетувајќи дека Русија е изложена на огромни санкции, соопшти француското претседателство, додека Макрон учествува на вонредниот европски самит во Брисел.

Кремљ претходно соопшти дека двајцата претседатели имале „сериозна и искрена размена на мислења за ситуацијата во Украина“.

Путин детално ги објаснил причините за инвазијата, се додава во соопштението. Двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Путин

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ