Претседателот на Еквадор, Ленин Морено денеска изјави дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж повеќепати ги прекршил условите за азил, што го доби во Еквадорската амбасада во Лондон.
Тој посочи дека Асанж нема право „да ги хакира приватните налози или телефони“ и да оти не може да се меша во политиката на други држави, посебно на тие кои имаат „пријателски односи“ со Еквадор.
Асанж доби азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година. Основачот на Викиликс побара азил со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде беше обвинет за сексуален напад. Подоцна шведските власти се откажаа од обвинувањето, но Асанж стравува дека тој може да биде екстрадиран во САД, каде Викиликс е предмет на истрага на сојузните обвинители.