Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа денес изјави дека неговата држава ќе го разгледа барањето за азил на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, кога тој ќе биде во Еквадор, но неговата судбина сега е во рацете на руските власти.
-Ние не ја предизвикавме оваа состојба. Сноуден го контактирал Асанж, а тој го советувал да бара азил во Еквадор. За да го разгледаме барањето потребно е тој да биде на територија на нашата држава. Сега решението е во рацете на руските власти – нагласи Кореа.
Тој додаде дека нивниот конзул во Лондон, Фидел Нарваес ќе биде казнет поради тоа што на Сноуден без негова согласност му издал транзитен документ.
–Нарваес ги пречекори своите овластувања и затоа ќе биде казнет, рече Кореа истакнувајќи дека документот е издаден без негова дозвола и дека е невалиден.
Елена Георгиевска