Еквадор денеска од космодром во Кина во орбитата околу Земјата го лансираше својот прв сателит, кој веднаш започна да емитува радио програма и телевизиска слика.
Сателитот „Пегаз“ е проектиран и изработен во Еквадор. Тој е лансиран со помош на кинеска ракета од центарот Џиучуанд во северниот дел на Кина.
Сателитот е со мали димензии (10 на 10 на 75 сантиметри) и е тежок само 1,2 килограма. „Пегаз“ ќе емитува видео слики на Земјата со помош на вградени камери. Вселенската агенција на Еквадор планира да лансира втор сателит во јули оваа година.