Експлозија во Макиивка, ранети се 25 лица, две деца се меѓу повредените

Од:

Во експлозија за време на артилериски оган во градот Макиивка во источна Украина, ранети се 25 лица, соопштија руските власти.

Шефот на регионот Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин, во средата наутро на својот канал Телеграм изјави дека две деца се меѓу повредените во нападите врз градот.

„Експлозијата ја почувствуваа повеќето жители на Макиивка и Доњецк“, рече тој.

Според Пушилин, оштетени се станбени згради, болница, училишта и градинка. На украинскиот телеграмски канал СтратКом беше објавено видео на мобилен телефон од силна експлозија во градот, во која се тврди дека се работи за напад на руска воена база.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород