Експлозија во кинеска рафинерија: двајца загинати, десетици повредени, 12 исчезнати

Од:

Две лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати по експлозија во рафинерија и хемиска фабрика во североисточна Кина, соопшти државната телевизија.

Експлозијата во фабриката на хемиската компанија Панџин Хаоје се случи во неделата, во 15 часот и 13 минути по локално време, за време на поправки на делот каде што се одвива процесот на алкилација, од кој се добива најквалитетен бензин од нафта.

Панџин Хаоје е независна рафинерија и производител на хемикалии со седиште во градот Панџин, провинцијата Лиаонинг. Според телевизискиот извештај, уште триесетина лица се полесно повредени, а пожарот е ставен под контрола.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија