Најмалку десет лица загинаа, а 15 се ранети во силна експлозија во џамија во западен Кабул за време на денешната молитва
Бесмула Хабиб, заменик-портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, изјави дека експлозијата ја погодила џамијата на Калифа Сахиб во западен Кабул, околу 14 часот по локално време.
Бомбашкиот напад беше извршен во време на серија напади врз авганистански места за богослужба и цивилни објекти за време на светиот исламски месец Рамазан.
Извор: МИА