Терорист убиен на главната железничка станица во Брисел

Од:

Напаѓачот, кој носел појас со експлозив и планирал да се саморазнесе на главната железничка станица во Брисел, е мртов, објавија вечерва белгиските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, централната железничка станица и метро станиците во главниот град на Белгија се затворени и евакуирани, а автобуските линии се пренасочени. Реоните околу плоштадот Гранд Плац и на главната железничка станица се блокирани.

Јавната телевизија на француски јазик РТБФ информира дека напаѓачот, кој бил застрелна од патрола на белгиската војска, им подлегнал на серизоните повредите.

Според сведоци на настанот, тој носел појас со експлозив и бил придружуван од две лица кои се во бегство.

Белгиските пожарникари потврдуваат дека биле повикани по експлозија со мала моќност на станицата, а освен плоштадот Гранд Плац, евакуирана е и галеријата „Сен-Ибер“.

Во исто време, белгискиот премиер Шарл Мишел и министерот за внатрешни работи Јан Јамбон ја следат ситуацијата од кризниот центар, додека градоначалникот на Брисел, Филип Колс се наоѓа на централната железничка станица.

Според белгиското Јавно обвинителство, лицето, чиј идентитет засега не е соопштен, го привлекло вниманието на патрола на белгиската војска, чии припадници повеќе од една година патролираат по улиците на градовите во Белгија, поради високиот степен на претпазливост од можни терористички напади.

Засега нема дополнителни информации, но во Брисел во сила е општо предупредување.

Во исто време, белгиската полиција испрати официјално соопштение преку социјалната мрежа Твитер, во кое само информираа дека „се е под контрола“ и побара да се следат информациите за железничкиот и метро сообраќај во земјата и во главниот град.

Белгиската железничка компанија СНЦБ објави на Твитер дека полицијата побарала биде запрен железничкиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски