Вистинската драма се одвивала вчера на лет од Крит, кога дошло до експлозија во авионот. Според медиумите, електронска цигара експлодирала на летот на EasyJet од Ираклион до Лондон додека била во полначот.
Во авионот настанала паника откако одекнала експлозија и кабината почнала да се полни со чад.
Патниците за DailyMail изјавиле дека слушнале силна експлозија.
„Нешто црвено светна, а потоа видовме пламен и многу чад“, велат патниците.
Еден од патниците рекол дека непосредно пред експлозијата слушнал друг патник како вика: „Што е тоа? Што е тоа?!“. „Врискаа: „бомба, бомба, бегајте“, ги раскажа патникот деталите од драмата и додаде дека жената која имала електронска цигара во џебот почнала да мавта кога од нејзината чанта излегол чад.
Друг патник тврди дека жената, за која се вели дека е Британка, се обидела да излезе од авионот, барајќи од другите патници да се движат. Меѓутоа, кога чантата се запалила, таа ја фрлила во ходникот меѓу седиштата.
„Од торбата излегуваше оган и чад, потоа се слушнаа звуците на експлозијата и чадот почна да ја исполнува кабината“, сведочат вознемирените патници.
EasyJet потврди дека авионот на летот EZY8216 од Ираклион до Лондон бил евакуиран бидејќи за време на качувањето избувнал пожар во торбата на еден од патниците.
„Пожарникарите влегоа во леталото, а персоналот ги евакуираше патниците според протоколот“, соопшти компанијата.