Експлозии и судири на опозицијата со полицијата во Дака

Од:

Неколку бомби денеска експлодираа во Дака, главниот град на Бангладеш, каде се спроведува еднодневен штрајк на опозицијата заради наводното застрашување на полицијата на вчерашниот протестен собир на противниците на власта.

За сега не е познато дали има повредени во експлозиите што одекнаа во повеќе квартови од градот, во исто време со почетокот на штрајкот.

Судирите со полицијата имаше и во и околу Дака, а неколку илјади припадниците на полициските сили се разместени низ целиот град.

Околу 400 припадници на парамилитарната Гранична полиција на Бангладеш , исто така, се доведени за да го обезбедуваат редот во градот, пренесуваат американските медиуми.

Училиштата и повеќето компании денеска не работат, а сообраќајот беше невообиачено слаб за период од денот што го карактеризираат турканици по улиците.

Опозициската коалиција од 18 партии, предводена од најголемата Национална партија на Бангладеш (БНП), штрајкот го  органираше заради наводното застрашување на полицијата во текот на собирот што вчера беше оддржан во Дака.

Оваа партија бара промени во преодната влада која треба да го надгледува спроведувањето на претседателските избори, додека нејзината сојузничка партија-Џамат-е-ислами бара да се прекине судењето на опозициските политичари заради наводните злосторства во текот на војната за независност од Пакистан во 1971 година.

По вчерашниот собир, полицијата уапси дел од лидерите на опозицијата и повеќе од 100 активисти на БНП, кои ги предводи поранешниот премиер Калед Зиа.

Полицијата притоа соопшти дека во седиштето на оваа партија открила најмалку 10 рачни бомби, додека нејзините челници тврдат дека полицијата ги подметнала овие бомби за да ја обвини опозицијата за предизвикување на немири во престолнината.

Зиа ја критикуваше владата заради апсењата и најави нов штрајк за 18 и 19 март, доколку до тогаш не бидат ослободени уапсените водачи на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска