Експерти: ИД ја менува својата пропаганда

Од:

Со губење на територии во Ирак и Сирија, терористичката група Исламска држава (ИД) ја промени својата пропаганда, отстапувајќи од идејата за исламска утопија и фокусирајќи се на нападите, сметаат експерти за тероризам.

Повеќето неодамнешни снимки ја прикажуваат таа нова стратегија во борбите за ирачкиот град Мосул, а повиците до странски борци да им се придружат на џихадистите веќе не се толку забележливи.

Една од последните пропагандни снимки, кои ги објави ИД, прикажува самоубиствени бомбашки напади врз ирачката војска во Мосул.

– Дојде до големо отстапување од идејата за исламистичка утопија. Оваа снимка, и слични снимки, покажуваат дека ИД можеби ја губи територијата, но ќе се брани и непријателот скапо ќе плати за тоа, изјави Чарли Винтер од Центарот за студии за радикализација со седиште во Лондон, кој долги години ја следи медиумската кампања на ИД.

Винтер забележува дека џихадистичката група „и натаму се обидува да комуницира со странски борци, но квалитетот е поинаков. Тоа веќе не се повици за миграција во Ирак и Сирија. Сега велат да останат во своите земји и оттаму да напаѓаат“.

– ИД изврши неколку терористички напади надвор од Блискиот Исток, меѓу другото во Франција, Германија и Турција. Меѓутоа сонот за „Исламски Калифат“ бледнее, а пропагандата е се послаба, нагласува Винтер.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска