Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно апелираше до Федералните резерви на САД (ФЕД) да ги намалат каматните стапки, откако денес беше објавен извештајот за работни места за април, кој беше подобар од очекуваниот.

„Бензинот штотуку достигна 1,98 долари за галон, најниската цена во последниве години, цените на прехранбените производи (и јајцата!) се намалени, цените на енергијата се намалени, хипотекарните каматни стапки се намалени, вработеноста е силна и многу добри вести бидејќи влегуваат милијарди долари во царини“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи „Вистина“.

– Потрошувачите со години чекаат цените да се намалат. Нема инфлација, ФЕД треба да ја намали каматната стапка – рече американскиот претседател.

Извештајот за вработување покажа дека работодавците додале 177.000 работни места минатиот месец, во споредба со 135.000 што ги очекуваа економистите.

Федералните резерви се соочуваат со дилема дали да ги намалат каматните стапки додека инфлацијата останува над целта од 2 проценти или да ги зголемат за да се подготват за инфлациското влијание на царините на Трамп, објави Си-Ен-Ен.

Администрацијата на Трамп предложи намалување на федералните трошоци за 163 милијарди долари следната година, елиминирајќи повеќе од една петтина од буџетските апропријации, не вклучувајќи ги задолжителните социјални програми.

Трамп во петокот објави предлог за буџет кој вклучува комбинација од намалувања на домашните програми во јавното здравство, образованието и чистата енергија, а воедно бара и зголемување на трошоците за гранична безбедност и зајакнување на воената моќ, објави NBC News.

Предлогот од 40 страници беше испратен до конгресните лидери, заедно со писмо од Канцеларијата за управување со владата и директорот за буџет, Расел Вот, адресирано до сенаторката Сузан Колинс, републиканка од Мејн, претседателка на Комитетот за апропријации на Сенатот.

Предлогот доаѓа во време кога Конгресот предводен од републиканците се обидува да изработи сеопфатен сет закони за спроведување на приоритетите на Трамп, како што се намалување на даноците, зголемување на трошоците за имиграција и американската војска, заедно со намалувања на буџетот за други делови од федералната влада и зголемување на ограничувањето на долгот.

Предлозите за буџетот на Белата куќа се обично симболични и речиси никогаш не стануваат закон во формата во која првично се формулирани, меѓутоа, тие ја претставуваат буџетската визија на претседателот и обично влијаат на насоката на дебатата на Капитол Хил.

Би можело да ве интересира

Изласан е „големиот прекрасен“ закон на Трамп што го разбесни Маск

Нема назад: Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Трамп вели ќе размисли дали да го депортира Маск

Катерина Ѓуровски

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

(ВИДЕО) Дружбата се претвори во војна, Маск му се заканува на Трамп: Ќе загуби, па да ми е и последно

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху: Ви благодарам уште еднаш, претседателе Трамп

Горан Наумовски