Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

Од:

Активисти за заштита на животната средина денеска блокираа четири лондонски мостови, а продолжија и повеќенеделните демонстрации против нафтените терминали во Велика Британија.

Стотици активисти го запреа сообраќајот на лондонските мостови Ватерло, Блекфрајрс, Ламбет и Вестминстер, барајќи прекин на новите инвестиции во фосилни горива.

Лондонската полиција соопшти дека протестите предизвикале застој и доцнења во центарот на главниот град, а конзервативната влада воведе мерки за нивно ограничување.

Демонстрациите се дел од движењето за борба против климатските промени во кои групата „Insulate Britain“ блокираше автопати и патишта, барајќи од владата да финансира повеќе енергетски ефикасни домови.

Нафтените компании добија судски дозволи да ги запрат демонстрантите, а во изминатите две недели беа уапсени повеќе од 600 активисти поради качување на танкери со нафта и блокирање патишта до складишта за нафта.

Протестите продолжија и денеска на локации во југоисточна и централна Англија и покрај забраните и апсењата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ