ЕК не сака да ја коментира одлуката на Вишиот суд во Лондон околу Брегзитот

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека нема да ја коментира одлуката на Вишиот суд во Лондон, кој реши дека одлуката за почеток на процесот за истапување на Велика Британија од ЕУ треба да ја донесе британскиот Парламент, а не Владата на премиерката Тереза Меј.

– Европската комисија не сака да шпекулира околу ова прашање затоа што постојат одредени работи што се уште може да се случат во Велика Британија и дали Владата ќе се жали или не на ваквата одлука. Не е наше да коментираме, изјави во Брисел портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас.

Извори во Брисел денеска соопштија претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер утре телефонски ќе разговара со британсакта премиерка Меј околу нејзиното барање Владата во Лондон да решава за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Схинас додаде дека Јункер за ова прашење телефонски ќе разговара со Меј.

Британската Влада веќе најави жалба на одлуката на Вишиот суд Лондон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он