ЕК: Не е соодветно да кажуваме дали ќе има нов пакет санкции против Русија

Од:

По денешниот делумен пакет санкции кој забранува увоз на злато од Русија, Европската Комисија повторува дека преговорите за нови пакети се доверливи и нема да се шпекулира јавно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Санкциите врз увозот на злато од Русија не се сметаат за нов пакет туку за прилагодување на постоечките мерки, новите санкции исто така ги олеснуваат рестрикциите врз одредени производи за да се избегне криза во прехранбениот сектор во Европа. Поради тоа, како што јавуваат некои медиуми повикувајќи се на дипломатски извори, овие санкции се сметаат за “половина“ пакет.

Со ова Европската Унија на маса има шест и пол пакети санкции против Русија.

На прашање дали ќе се стави на маса седми пакет со, на пример, забрана за гасот од Русија, Европската Комисија изјави дека овие мерки и преговори се доверливи.

-Очигледно е дека нема да коментираме за тоа што ќе биде ставено на маса, особено кога станува збор за санкции, ова е уште поважно кога се санкции против Русија, рече Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари.

Таа истакна дека Европската Комисија “докажа од почетокот на инвазијата на Русија дека сме решени да го ограничиме капацитетот на Русија да нанесува штета врз Украина.“

Сега Комисија е фокусирана на применувањето на досегашните шест пакети санкции, од кои последниот е делумна и постепена забрана за увозот на нафта од Русија.

Во однос на економската состојба во Русија и дали земјата ќе се соочи со рецесија, портпаролката Спинант рече дека оваа проценка треба да ја дадат релевантни институции како Меѓународниот монетарен фонд, но додаде дека Брисел е уверен дека европските санкции и нанесуваат економска штета на Москва на краток, среден и долг рок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он