ЕК и даде десет задачи на Хрватска кои мора да ги исполни пред пристапувањето во ЕУ

Од:

Хрватска продолжува да напредува во усвојувањето и спроведувањето на европското законодавство, но Европската комисија идентификуваше десет задачи кои Загреб би морал да ги исполни пред пристапувањето во Унијата.

Еврокомесарот Штефан Филе истакна дека Хрватска би морала да насочи „засилено внимание“ за да ги заврши подготовките на време – за да тоа би било констатирано во извештајот за мониторингот кој ЕК ќе го претстави на пролет 2013 година.

Десетте задачи се однесуваат на подрачјата кои покриваат три поглавја – Пазарна конкуренција, Правосудство и темелни права и Правда, слобода и безбедност.

ЕК бара јакнење на ефикасноста на правосудството и намалување на бројот на заостанати судски предмети, прифаќање на законите за да се обезбеди спроведување на судски одлуки, воспоставување комисија за судир на интереси и нов закон за правото на пристап до информации.

Денешниот број на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека Хрватска не ги исполнува условите за полноправно членство во ЕУ, а дека последица на неисполнувањето на условите се можни мерки кои одат од воведување мониторинг на Хрватска и по влезот во ЕУ, па се до одложувањето на датум за влез.

Весникот пишува дека најголемите недостатоци кои Хрватска треба да ги отстрани пред да влезе во Унијата се однесуваат на состојбата на државната управа која „не е во доволна мерка способна да ги примени правните норми на ЕУ, а проблемите се неефикасно и споро судство, недоволно заштитени граници, како и нерешени проблеми во подрачјето на бродоградежната индустрија“.

Весникот се повикува на дипломатски извори во Брисел кои говорат за можните мерки кои ЕК може да ги предложи во Советот на ЕУ, а кои имаат опсег од мониторинг по влезот во ЕУ па се до одложувањето на датумот за влез, иако за последната опција не се размислува.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он