ЕК: Филе привршува со извештаите за напредокот на земјите-кандидати за членство

Од:

Европската комисија информираше дека комесарот за проширување Штефан Филе, на денешната средба на Колеџот на комесари во Брисел ги известил своите колеги дека Директоратот за проширување на Европската унија ги финализира извештаите за напредокот на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, што Комисијата ги објавува еднаш годишно.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Филе на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ посочи дека „денешната дебата на Колеџот на комесари во однос на подготовките за октомвриските пакети за проширување, ја покажале важноста која Европската комисија и ја придава на политиката на проширувањето”.

Во исто време, информирајќи за резултатите од редовната средба на еврокомесарите, портпаролката на Европската комисија, Пиа Ренкилде-Хансен на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека извршниот орган на Унијата бил информиран за подготовката на извештаите за напредокот кои официјално треба да ги усвои ЕК, а Филе ќе ги објави на 16 октомври.

– Ги финализираме извештаите и комесарот Филе ги извести своите колеги како се одвиваат работите, соопшти извор од канцеларијата на еврокомесарот за проширување.

Портпаролот на Филе, Петер Стано, кој заедно со својот претпоставен веќе отпатуваа на средба со преттсваници на украинските власти на Јалта, во телефонска изјава за МИА, реше дека денешната дебата за проширувањето на Колеџот на комесари имала какрактер на интерни консултации. – Но, дебатата беше многу добра за проширувањето, потенцира портпаролот Стано.

Како што претходно објави МИА, октомврискиот извештај на Комисијата за напредокот на Македонија се очекува да содржи нова, петта по ред препорака за почеток на преговорите за членство, како резултат на спроведените реформи во евроинтеграцијата.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија